Еден од најдобрите начини да се добие убав тен на кожата е постепено и разумно да се изложувате на сонце и да уживате во апсорпцијата на витамин D .

Се разбира, пред да се фрлите на овие масла, треба да се погрижите за неколку нешта, или во спротивно ќе “си заработите” изгореници, излупена кожа и нерамен тен. А, да не зборуваме за штетата од таквото изложување на сонце.

Сончање со природни масла е најдобра здрава опција, но треба да ги почитувате основните правила, како што се избегнување на сонцето во попладневните часови, нанесување на заштитна крема, освежувачки крем, хидратација … За кожата е полесно и подобро да добие потемна нијанса, по една добра подготовка. Пилингот тука е клучен.

Пред да нанесете некое до овие масла, кожата би требало да биде целосно чиста, за да може маслото да делува.

Се препорачуваат само 10 – 15 минути сончање на секоја страна на телото. Започнете постепено, а особено бидете внимателни ако имате блед тен. Чекајте прво да го добиете првиот тен и тогаш започнете со маслата.

Едно од најдобрите масла за брзо потемнување се разбира е маслото од лешник. Содржи витамин Е и добро се впива во кожата.

Кокосово масло главно се препорачува на оние со чувствителна кожа, кои сакаат побрзо да добијат бронзен тен.
Новиот супер трик е да го измешате со малку сок од морков за темен тен и тинктура од јод за да спречите евентуални изгореници.

Масло од авокадо се препорачува на оние со сува кожа.

Додека масло од пченични никулци може да ги ублажи последиците од сончањето како брчките, линиите на кожата или проблеми со пигментацијата.

Екстрактите од зелен чај се најдобри за спречување на изгореници од сонце. Ја омекнуваат кожата и штитат од штетните UV зраци.

https://www.nane.mk/wp-content/uploads/2017/06/fb_f7d0905bdef430e8c151b7db27e998be.jpghttps://www.nane.mk/wp-content/uploads/2017/06/fb_f7d0905bdef430e8c151b7db27e998be-400x214.jpgDijana IlievaСоветиЕден од најдобрите начини да се добие убав тен на кожата е постепено и разумно да се изложувате на сонце и да уживате во апсорпцијата на витамин D . Се разбира, пред да се фрлите на овие масла, треба да се погрижите за неколку нешта, или во спротивно ќе 'си...Секој ден нешто свежо