Енрике Иглесијас е незаменлив дел од срцето на милион дами ширум светот и вистинска ѕвезда во светот на шоу-бизнисот, поради неговиот прекрасен глас, атрактивните песни, но и недоливиот шарм и изглед. Речиси секој е запознаен со фактот дека тој е син на славниот Хулио Иглесијас.

Но, она што малкумина знаат е дека Енрике има 9 браќа и сестри и дека сите тие се популарни, започнувајќи од неговите сестри близначки кои се познати во модната индустрија. Но, денес ви го претставуваме неговиот постар брат, кој го носи името на нивниот татко – Хулио.

Запознајте го Хулио Иглесијас Џуниор, најстарото дете во семејството Иглесијас. Тој е неверојатно атрактивен при што не е никакво изненадување дека е многу баран модел меѓу познатите брендови. Живее во Мадрид, а покрај манекенсвото, се занимава и со музика.

Иако изгледа како да има 18-години, убавецот вусшност има неверојатни 47 години! Хулио Џуниор е во брак со супермоделот Карис Верхарт, а парот посакува да има многу деца. Исто така, тој го запознал неговиот брат Енрика со неговата сопруга, тенисерката Ана Курникова.