Миомот на матката кој се смета за најчестиот облик на бениген тумор, може да се развие во било кој дел од оваа зона, а притоа се образува при жени на репродуктивна возраст.

Миомот најчесто се маниферстира преку следните симптоми: Нередовен менструален циклус, намалување на периодот меѓу два циклуса, обилно крварење или спротивно, вагинални крварења, ненадејни остри болки во долниот дел од стомакот, зголемување на стомакот во зависност од големината на туморот, понекогаш болки при уринирањето, слабост, бледа кожа, зашеметеност, шум во ушите, затемнување пред очите, невозможност за зачнување.

Целата оваа долга листа на симптоми е она на што е потребно жените да обратат најмногу внимание и доколку го забележат присуството на неколку или повеќе од истите, веднаш да се обратат на специјалист.

Многу често миомот за време на менопазуа има тенденција да регресира и да исчезне самостојно.

Тоа се подразбира е пријатниот резултат кој се должи на намаленото количество на хормони, кои во таа фаза речиси и целосно престануваат да се произведуваат.

Но, покрај можноста да исчезне самостојно, постои и друга опција, а тоа е миомот да започне уште побрзо да се развива и да расте. Овој вид на тумор се смета за најподмолните бидејќи најчесто жените кои го имаат, не можат да го почувствуваат веднаш неговото присуство, а симптомите речиси и да не се забележливи.

Затоа, доколку за време на менопауза почувствувате тапи болки ниско во пределот на стомакот и невообичаено вагинално крварње пропратено со непријатен мирис, веднаш консултирајте се со вашиот лекар.

Токму болката во нискиот преден дел на стомакот е првиот симптом за појава на миомот за време на менопауза, а истата може да биде ненадејна, тапа, остра, пропратена со чувство на притискање. Вториот симптом се крварењата при матката, кои се манифестираат со жолтеникава, зелена или црвена боја, најчесто пропратени со непријатен мирис.

Фактори кои го поттикнуваат развојот на миомот за време на менопауза

  • Чести стресови
  • Дебелина
  • Доцна прва бременост или воопшто недостаток од бременост во текот на животот на жената
  • Рано започната менструација
  • Припадност на негроидната раса