Јајцата се еден од видовите на храна без која едноставно не можеме. Јајцата ги содржат едни од најкорисните и најпотребните својства, за нашето здравје.

Сепак, покрај сите корисни елементи, денес решивме да ве запознаеме со неколку аномалии на неприготвените т.е живи јајца, кои може да бидат навистина штетни за нашето здравје.

Најверојатно сте забележале кога ќе го скршите живото јајце во садот, дека често по истото има присуство на мали црвени или кафеави дамки.

Тие т.н „крвни точки“ се поврзани со кинењето на крвните садови во репродуктивниот систем на пилињата за време на овулација или при образување на јајце-клетките.

Другата причина за појавата на овие темни дамки е поврзана со одлепување на ѕидовите на внатршните ткива на репродуктивниот систем на младо пиле.

Оваа неретка појава сепак не треба да ги загрижува луѓето. Според експертите, овие дамки се целосно безопасни, односно тие не се штетни за нашето здравје, туку едноставно се показател за оплоденоста.

Но, доколку во јајцето забележите поголемо присуство на крв, тогаш истото не се препорачува да го консумирате.

Други аномалии кај јајцата

  • Јајце со 2 жолчки: За време на процесот на овулација, може да се случи во едно пиле да се образуваат 2 јајца, што е доста честа појава, особено за младите пилиња.

  • Лушпа со карактеристична груба текстура е идникатор за непотолно формирање на репродуктивниот систем кај пилињата.

  • Бели дамки при белката: Белите или жолти дамки се показател дека јајцето е свежо.
  • Бели точки на лушпата означуваат вишок на калциум, како и определни проблеми со репродуктивниот систем на животното. Пред неговата консумацијата, најдобро е да се консултирата со нутриционист, односно експерт.