Што прво забележавте, кога ја погледнавте оваа бизарна оптичка илузија?

Тоа би можеле да бидат усни или пак ред дрвја со различни висини. Или пак за некое луѓе, тоа би можеле да бидат дрвја чии корени се гледаат под површината.

Ниту еден од овие одговори не е точен, но ниту погрешен, но неговиот избор може да открие многу за вашиот карактер.

Која сцена прва ќе ја забележиме на фотографијата, зависи од тоа колку самите ние сме флексибилни и дали дозволуваме останатите да вршат притисок врз нас.

Одговори

1. Усни

Доколку прво ги забележавте усните, тогаш вие најверојатно важите за смирена и едноставна личност. Го обожавате опуштениот начин на живот и не се многу преоптеретувате со секојдневните работи. Луѓето може да стекнат погрешен впечаток за вас дека сте наивна и слаба личност, но всушност вие сте многу мудра личност, која најмногу од се ја цени искреноста и која може да ги реши проблемите, без туѓа помош.

2. Дрвја

Доколку прво ги забележавте дрвјата, вие не сте личност која им дозволува на останатите да си поигруваат со вас и да ви вршат притисок. Се грижите за туѓите мислења, но луѓето мора многу да се потрудат за да ја стекнат вашата доверба.

Вие сте исклучително силна и многу мистериозна личност. Отворени сте кон сите можности и успевате во се што ќе си замислите.

3. Корени

Доколку прво ги забележавте корените на дрвјата, вие сте личност која нема проблем со признавање на сопствените грешки и добро ги прифаќате критиките упатени кон вас. Вие сте независна, фокусирана и одговорна личност.

На прв поглед, луѓето ве сметаат за сосема просечна личност, без некој посебен талент. Но, нивното мислење се менува многу брзо откако ќе ве запознаат во вистинско светло и ќе сфатат дека вие сте неверојатен ентузијаст со огромен натпреварувачки дух во себе.

Одговорите исклучиво се должат на интерпретацијата на самата личност и во главно ги содржат тие карактеристики, што не мора да значи дека за секоја личност би биле точни, бидејќи перцепцијата кај секој е различна.