„Кога ќе го извадам од рерна, целото семејство за секунда доаѓа во кујна. Никој не може да одлее на вкусот на овој специјалитет, тоа е невозможно!“

Вкусната и неверојатна комбинација од кашкавал или сирење, со зеленчуци и ароматичен лук е најделикатесното тесто што некогаш ќе го вкусите, а воедно е многу едноставна и брза идеја за вечера, а без проблем може да ја приготвите кога и да посакате.

Потребни состојки

  • 300 мл топло млеко
  • 500 гр брашно
  • 11 гр сув квасец
  • 1 кафена лажица шеќер
  • 1 кафена лажица сол
  • 4 супени лажици масло за готвење
  • 1 гранче копар
  • 200 гр маслиново масло
  • 200 гр кашкавал
  • Правоаголен сад за печење со димензии 25 x 11 цм

Начин на подготовка

Во еден поголем сад, додадете го топлото млеко, а веднаш потоа и квасецот и шеќерот и добро измешајте. Покријте го садот со фолија и оставете ја смесата да отстои 10 минути.

Потоа отстранете ја фолијата, промешајте ја смесата и започнете постепено да го додавате брашното. Пред тестото да биде готово за месење, потребно е во садот да имате додадено 300-350 грама брашно, а остатокот нанесете го на површината каде што ќе го месите тестото.

Приготвеното тесто поставете го во сад, а потоа додадете го маслото за готвење и започнете да месите. Откако ќе заврши оваа постапка, покријте го садот со фолија и оставете да остои 1 час.

Во меѓувреме, потребно е копарот да се сомеле во блендер, а потоа се додава и маслиновото масло и состојките се мешаат за да добро се соединат.

Откако ќе биде готово тестото, тоа се развива на тенок слој и на целата негова површина се нанесува готовата смеса од копарот и ренданиот кашкавал. Тестото се сече на два дела и од истите се плете плетенка.

Во садот за печење, прво поставете хартија за печење, а потоа врз истата, ставете ја плетенката. Одозгора додадете рендан кашкавал, покријте со парче ткаенина и оставете 30 минути.

Откако ќе отстои, ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180°C, во времетраење од 30-35 минути.

Тоа е сè, за половина час, вкусното луково лепче ќе се најде на вашата трпеза. Пријатен апетит!