„Шминка без шминка“: Еве како да го постигнете „природниот изглед“ со помош на шминката
Емили Џин е влогерка и таа ќе ви покаже како да изгледате природно без многу шминка, која совршено ќе се вклопи во сите ваши секојдневни обврски. Овој видео-туторијал, кој можете да го погледнете во целосна форма подолу, е брз и едноставен и не се потребни специјални вештини во шминкањето за да го добиете овој изглед. Емили нагласува дека пред да почнете да се шминкате важно е вашето лице да биде чисто и да нанесте навлажнувач или кремата која ја користите.
Наредникот чекор е да насете прајмер и добро да го размачкате низ целото лице, можете да користите еден, или пак два како што тоа го прави Емили.
Под очите и на очните капаци Емили нанесува коректор за очи, кој треба да е една нијанса посветол од вашата боја на кожа и потоа да нанесете пудра во прав на очните капаци, за да останат матирани во текот на денот.
Веѓите се следни. Целта не е да бидат исцртани со молив и да изгледаат вештачки, затоа исчеткајте ги за да ги доведете во подобра форма и само да ги пополните празнините.
Не користете маскара! Маскарата ќе го наруши природниот изглед, затоа најдобро е да само да ги извиткате трепките. Бидете внимателни при овој чекор.
Можете да нанесете и хајлајтер на врвот од јаболчиците, носот и усните во боја на „праска“ или пак нешто слично. За усните нанесете светол кармин или сјај за усни и спремни сте за денот!