Разликите меѓу кучињата и мачките прават сите да мислат дека првите се верни придружници, кои сакаат да жртвуваат сè за своите сопственици, додека вторите се мрзливи, себични манипулатори кои едноставно се преправаат дека се грижат за некого кога имаат потреба. Сепак светот не е црно-бел, а Габи Тропеа од Остин, Тексас има своја приказна со која може да го докаже тоа.

Габи го пронашла мачорот Боко кога имал само 8 недели, под клупата на нејзиниот универзитетски кампус. Таа многу се зближила со мачорот и оттогаш се неразделни. Пред некој ден таа ја испратила својата помала сестра Изабела кај пријателка, но заборавила да си го земе клучот од куќата, а бидејќи Изабела заклучилаштом излегла од дома Габи останала пред вратата.

Нејзиниот мачор Боко ја слушнал сопственичката пред варата и почнал да гребе и да „вреска“ од другата страна. Габи се упатила кон задниот влез од домот, а мачорот веднаш се префрлил таму. За да влезе од задниот дел требало да се тргне една прачка, но Габи не знаела начин како тоа би се случило, па затоа од шега снимала видеа и ѝ ги праќала на својата сестра Изабела.

Одеднаш вознемирениот мачор Боко решил да го спаси денот и за само 10 минути сфатил што треба да направи за да ја пушти својата сопственичка внатре во куќата. И верувале или не Боко успеал во тоа, а за доказ Габи има и видео.