Во светот општо познато е дека ботоксот е најефективен начин за отстранување на брчките и фините линии од лицето, сепак ова не е единствената предност на ботоксот. Тој може да се користи за лекување на поголем број на проблеми. Ние ќе ви објасниме како функционира ботоксот и како може да го подобри квалитетот на животот на една личност.

Како функционира ботоксот?

Ботоксот е направен со состојка добиена од бактеријата позната како Clostridum Botulinum. Оваа бактерија е уникатна поради начинот на кој ги замрзнува мускулите со кои доаѓа во контакт. Не било потребно долго време за лекарите и пациентите да ги сфатат придобивките од можноста да се замрзнат мускулите кои предизвикуваат предвремени брчки, само за да се заменат за мазна кожа која изгледа помлада. Најдобар дел, досега е дека ботоксот има привремен ефект, односно нема долготрајни медицински несакани ефекти од ботоксот, а ова се придобивките од него:

Ботоксот ги намалува и ги отстранува фините линии и брчките

Ботоксот најчесто се користи во областите на лицето за да се намалат веќе појавените фини линии и брчки.. Пациентите како резултат добиваат мазна, беспрекорна кожа која изгледа многу помлада. Најчесто се применува на на лицето поточно чело, околу очи и помеѓу веѓи (глабела), како и околу уста. Важно е третманите да се вршат во прочуени и проверени дерматолошко естетски ординации.

Минимизирање на хиперхидрозата, односно става крај на прекумерното потење под пазувите

Хиперхидрозата е состојба во која пациентот страда од прекумерно потење. Ботоксот се покажа како ефикасна алатка за справување со овој проблем, на подолг временски период, во случаи кога дезодорансите и анти-антиперспирантите немаат ефект.

Ботокс за мигрени

Истражувањата покажаа дека луѓето кои страдаат од мигрена забележуваат подобрување на истата по аплицирањето на ботокс. Причината зошто ова се случува е сè уште малку мистерија, но професионалците веруваат дека релаксираните мускули и намалените сензорни нерви играат улога во ефективноста на ботоксот.

Ботоксот позитивно влијае на расположението

Најновите истражувања докажуваат дека ботоксот нѐ прави среќни. Без разлика дали станува збор за маж или жена ботоксот помага да се намали бројот на брчките и недостатоците, а со тоа ги намалува и годините. Поради овој факт луѓето се чувствуваат подобро, нивната самодоверба расте, а со тоа се создаваат и нови емоции, исклучувајќи ја тагата и нерасположението.

Можеме да заклучиме дека иако ботоксот е корисен на многу полиња, за негова апликација ви е потребен стручен и искусен тим на лекари, кои ја уживаат довербата на многу среќни клиенти. Затоа ви ја препорачуваме дерматолошко естетската ординација „Др Анчевски“, каде што целосно ќе можете да го препуштите вашето здравје и убавината во рацете на вистински професионалци, а на ваше задоволство по повод „Меѓународниот ден на жената“, 8-ми март, дамите ќе добијат одлична понуда за третманите со ботокс, за да ги избришат брчките од лицето и да кажат СТОП на прекумерното потење. Јавете се на +389 2 321 66 08 и закажете термин.