Се подразбира, секој од нас е свесен за штетноста од белиот шеќер, кој уште се нарекува и сладок отров, кој воопшто не е корисен за нашето здравје.

Доколку обожавате да консумирате храна и пијалоци, богати со шеќер, тогаш сте изложени на повисок ризик од зголемување на телесната тежина, предвремено стареење и загуба на енергијата. Основниот проблем кај повеќето е што не се свесни дека шеќерот прераснал во зависност.

Придобивки од избегнување на шеќерот

Луѓето кои редовно и прекумерено консумираат шеќер, може да бидат изложени на повисок ризик од појава на следните заболувања:

  • Дијабетес
  • Недостаток на енергија
  • Хипогликемија
  • Рак
  • Предвремено стареење
  • Артритис
  • Чир на желудникот
  • Намален имунитет
  • Лош вид
  • Забавена функција на надбубрежните жлезди
  • Проблеми со мочниот меур
  • Шеќерна зависност

Шеќерна детоксикација

Проблемите кои може да се појават се многу, а решението е едно. Шеќерна детоксикација или подедноставно кажано, решението е прочистување на организамот и победување на шеќерната зависност.

7-дневен план за детоксикација

Ден 1

  • Појадок: Печени јајца и спанаќ со сирење
  • Ужина: Бадеми
  • Ручек: Свежи пиперки и зелена салата
  • Вечера: Печено полнето пиле со спанаќ, салата од краставици и домати, со фета сирење
  • Ужина: ¼ нискомаслено сирење рикота, ¼ кафена лажица екстракт од ванила и неколку капки ванилина стевија

Ден 2

  • Појадок: Фритата со сушени домати
  • Ужина: Бадеми
  • Ручек: Пилешко месо со спанаќ и зелени пиперки
  • Ужиина: Спанаќ со свежи зеленчуци
  • Вечера: Порција салата од печурки, спанаќ и пиперки
  • Ужина: Парче двопек со сирење

Ден 3

  • Појадок: Безалкохолен коктел од путер од кикиритки
  • Ужина: 3 тврдо сварени јајца
  • Ручек: Салата со краставици, пиперки, домати, зелена салата и додаден оцет и зејтин
  • Ужина: Фритата со сирење
  • Вечера: Вегетеријанска супа, пржено пилешко месо и свежи зачини
  • Ужина: Пудинг од ванила без шеќер, со чиа семе

Ден 4

  • Појадок: Зеленчукова фритата
  • Ужина: Парче двопек со кашкавал или сирење
  • Ручек: Зеленчукова салата со пилешко месо
  • Ужина: Путер од кикирики без шеќер, со целер
  • Вечера: Пилешко месо во сос со грав и млади тиквички
  • Ужина: Половина шолја урда без шеќер, со краставици

Ден 5

  • Појадок: Фритата или омлет со зеленчуци
  • Ужина: Свежи зеленчуци со лут медитерански сос
  • Ручек: Краставици, пиперки, екстра девствено маслиново масло и зелена салата
  • Ужина: Салата со краставици, домати и фета сирење
  • Вечера: Нискомаслено сирење со салата од грав
  • Ужина: Пудинг од ванила со чиа семе

Ден 6

  • Појадок: Кајгана
  • Ужина: Свежи зеленчуци сервирани со фета сирење
  • Ручек: 2 парчиња двопек со салата од грав
  • Ужина: Свежи зеленчуци со лут медитерански сос
  • Вечера: 3 белки

Ден 7

  • Појадок: Салата од изматени јајца, спанаќ и печурки
  • Ужина: ¼ шолја урда
  • Ручек: Шпагети со тиквички и лесна вегетаријанска супа
  • Ужина: Бадеми
  • Вечера: Пудинг без шеќер