Болката во грбот, популарно позната како ишијас е концентрирана во долниот дел на грбот, помеѓу колковите и нозете. Се појавува како притисок или поради иритација на централниот нерв.

Се почесто луѓето бараат начини како да се справат со оваа болка со помош на лекарски препарати чие дејство е привремено. Од друга страна, докторите препорачуваат вежби за опуштање на телото како јога и пилатес. Ние ви претставуваме еден природен лек кој делува долготрајно, но со редовна употреба.

Најпрвин проверете дали станува збор за истата болка, од наведените симптоми, за да се осигурате дали можете да го применувате овој алтернативен лек:

  • Болка која започнува во долниот дел на грбот или отсрана на бутот и се чувствува во задникот и нозете;
  • Вкочанетост на нозете;
  • Болката се засилува кога сте седнати;
  • Слабост, вкочанетост или отежнато движење на стапалата или нозете;
  • Сложеност на движењата во стоечка положба;
  • Постојана болка во задникот;

 

За подготовка, потребни ви се следниве состојки:

  • 4 чешниња лук
  • 200мл . млеко
  • 1 лажица мед

Лукот се ситни со притискање, се додава млекото и смесата се загрева на тивок оган. Потоа се додава медот, смесата се вари се додека не зоврие. Се остава да се излади и се нанесува на местото на болката. Најдобро е да се применува еднаш дневно, лекот делува со тоа што има антиинфламаторни својства кои ќе го намалат воспалението на централниот нерв.