Роверот Упорност (Perseverance) на  НАСА успешно слета на Марс по поминат пат од  385 милиони километри.

Роверот ги преживеа „седумте минути терор“ одкако го затекнаа бурни услови при влез во атмосферата на Марс кога се приближуаше до површината.

„Тачдаун е потврден! Упорност безбедно слета на површината на Марс, подготвен да започне да бара знаци на живот “, им најави на колегите контролорот на летот Свати Мохан.

Претседателот Џо Бајден во меѓувреме го гледаше слетувањето од Белата куќа и испрати твит со честитки за значајниот момент.

Упорност слета во основата на кратер длабок 250 метри наречен Jезеро, поранешно езеро, кое било исполнето вода пред 3,5 милијарди години.

Марсовата површина е преполна со кратери, но она што го прави кратерот Језеро толку посебен е тоа што тој има канал за влез и одлив, што сугерира дека бил исполнет со вода пред околу 3,5 милијарди години.

Томас Зурбучен, од дирекцијата на НАСА, рече: „Беше возбудлив ден бидејќи сакаме да донесеме примероци од Марс на Земјата“.

„Ние го претвораме нашиот ровер во роботски геолог и астробиолог кој ќе собира примероци што ќе ги вратиме на Земјата, тоа е она што со нетрпение го очекуваме“.

Масивен падобран се отвори околу четири минути пред спуштање, кога роверот е сè уште на 11км од површината. НАСА вели дека ова е критичен чекор и го вклучува најголемиот падобран некогаш испратен на друга планета.

Откако падобранот беше отворен, топлинскиот штит беше одделен бидејќи сега е вишок според барањата.
Ова им овозможи на камерите на Упорност да започнат со проучување на теренот подолу и да пребаруваат  потенцијално место за слетување.

Околу 90 секунди подоцна, задниот дел од влезната капсула што е прицврстен на падобранот, исто така се оддели 27 км над површината на Марс.

Пред слетувањето, претставниците на НАСА  рекоа „не е загарантирано дека ќе бидеме успешни“.

За да се зголемат шансите за успех, Упорност беше првата мисија која беше опремена со „Релативна навигација на теренот“ што снимаше кон на површината на Марс за време на слетувањето.

НАСА воспостави радио врска со роверот пред Упорност да направи серија проверки и потоа да ги започне своите експерименти и истражувања.

За разлика од претходните ровери на НАСА на Марс – Соџурнер, Спирит, Опортунити и Љубопитност, Упорност се испраќа на поинтересен дел од црвената планета.

Тоа е затоа што се смета дека кратерот Језеро е изумрено езеро кое исто така се наоѓа близу до  карпести формации кои  се од голем научен интерес на Земјата.

Упорност, најголемиот, најнапредниот ровер некогаш испратен од НАСА, стана деветтиот вселенски брод кој успешно слетал на Марс, секој од нив од САД, почнувајќи од 1970-тите.

Заменик научникот за проекти, Кен Вилифорд рече: „Дали сме сами во овој вид огромна космичка пустина, само летаме низ вселената, или животот е многу почест?“

„Дали се појавува секогаш кога и каде и да се поволни условите?“

„Навистина сме на работ да можеме потенцијално да одговориме на овие огромни прашања“.