Учењето е процес што трае цел живот и може да донесе толку многу радост. Но училиштата понекогаш не учат на работи кои и не се толку забави, а и брзо ги забораваме.

За среќа, сè уште можете да стекнете нови знаењаво било кој период во животот. Погледнете ги овие интересни факти кои сигурно ќе ви останат во сеќавање.

Абориџините Австралијци често патувале во Индонезија за да тргуваат и кога британските истражувачи за првпат го посетиле централниот на Австралија, се сретнале со Абориџин кој веќе научил англиски јазик од неговата посета на Сингапур.

Семејството Кири е семејство со најмногу Нобелови награди. Мари Кири освои две Нобелови награди за физика и хемија. Нејзиниот сопруг Пјер Кири доби Нобелова награда за физика. Нивната ќерка Ирен Џолиот-Кири доби Нобелова награда за хемија.

Откако Универзитетот дел Мар бил затворен од чилеанската влада поради големи финансиски нерегуларности, уметникот Папас Фритас успеал да влезе во трезорот и да запали договори за школарина во износ од 500 милиони американски долари, што го отежнало докажувањето дека студентите должат пари на универзитетот.

Џенгис Кан  ги мажел ќерките со кралот на сојузничка нација. Потоа, тој го поставувал својот нов зет на воена должност во монголските војни, додека неговата ќерка го преземала владеењето. Повеќето зетови умреле во борба, давајќи им на неговите ќерки целосна контрола над овие нации

Ќерката на Теодор Рузвелт, Алис, имала милениче змија по име Емили Спиниџ (Спанаќ). Сакала да ја носи околу Белата куќа во својата чанта и да ја вади во неочекувани моменти.

Пингвините можат да пијат солена вода поради жлездите близу до нивните очи кои ја отстрануваат солта од крвотокот, а потоа може преку кивање да ја отстранат дополнителна сол.

Агата Кристи е третата најобјавувана авторка на сите времиња, зад Шекспир и Библијата. Нејзините книги се продадени во повеќе од милијарда примероци на англиски јазик и милијарда повеќе на 100 различни јазици.

Скелетите на средновековните англиски стрелци биле деформирани од повеќегодишно стрелаштво. Големите воени лакови, заедно со повеќегодишната обука за нивна употреба од мала возраст, довеле до скелети кои имаат премногу развиени коски на рамената и на рацете за да компензираат за растот на мускулите околу тие области.

Најстарите мумии во светот не се од Египет. Тие се од народот Чинкоро во пустината Атакама, денешен Чиле, датираат од 5000 г.п.н.е., скоро 2000 години пред Египќаните.

Етиопија го усвоила христијанството во 330 г. н.е., само 17 години по римската империја. И покрај подемот на исламот, падот на Византиската православна црква и отсекувањето од сите други христијани со векови, Етиопија остана хрстијанска држава. Тие се единствената мнозинска православна христијанска африканска нација.

За да се исчистат канализационите цевки, што имаат тенденција да блокираат, градоначалникот на градот Булавејо, Зимбабве воспостави задолжително синхронизираноо пуштање на вода од казанче. Жителите кои не се придржуваат до ова се казнуваат.