Оваа 33-годишна жена одлучи да не ги фарба сивите прамени  и се заштеди повеќе од 2.400 долари годишно на посети на салони за убавина.

Откако ги забележала своите први сиви влакна на само 17 години, Алекс Дувал, од Калифорнија, на безброј  начини се обидувала да ја сокрие нејзината вистинска боја.

Таа одела на скапи третмани во салонот кои чинеле 500 долари , а седите флакна повторно се појавувале за помалку од месец.

Алекс рече: „Првпат забележав сиви кога имав 17 години. И двајцата мои родители беа целосно седи  веќе подолго време, па на некој начин, некако очекував“.

„Беше некако тажен момент и јас веднаш ја натерав мајка да ми купи фарба за коса за да ги скријам седите влакна“.

„Ова е моментот кога ќе започне мојот живот со фарби за коса и скапи  фризери“.

Алекс вели дека ја пробала секоја фризура низ годините додека се обидувала да ја покрие косата.

Таа додаде: „Од темна до платина русокоса, дури и омбре . Пробав сè. Како што стареев, мојата коса стануваше се повеќе и повеќе сива.

„Требаше да ја бојадисувам косата барем еднаш месечно, но понекогаш и почесто“.

„Во тоа време седев дома и се грижев за моето дете  и ако излегував, носев капи за да ја покривам косата, сепак, по пет месеци сфатив дека ја сакам мојата седа коса и навистина не сакам да ја менувам“.

„Беше природно и убаво, па продолжив со тоа. Во Декември се вратив на социјалните мрежи и открив цела заедница на дами кои ја сакаат својата сива коса. Тоа беше неверојатно“.

Алекс целосно ја прифаќа нејзината сива коса и вели дека ја сака повеќе отколку што некогаш ја сакала косата.

Таа додаде: „Никогаш повеќе не можам да видам како ја бојадисувам косата. Сакам долга сребрена коса како на сирена“.