Профири Иванов, уште познат како легендарен руски јога мајстор, воодушевувал бројни генерации со неговите совети за здрав и балансиран живот. Иванов бил убеден дека за оваа цел, телото мора да се прочистува најмалку на секои 6 месеци.

Токму денес го споделуваме неговиот најефикасен рецепт, благодарение на кој ќе го подмладите и обновите вашиот организам, во временски период од 14 дена.

Домашен еликсир со подмладен и обновен организам

Потребни состојки

  • 1 супена лажица брашно од хељда
  • 180 мл ајран, кисело млеко или кефир, според оригиналниот рецепт
  • Мало количество мед

Начин на подготовка

Измешајте 180 мл ајран со 1 супена лажица од брашно од хељда. Подгответе ја смесата навечер, за да може откако ќе ја складирате во ладилникот, да отстои во текот на ноќта. Следното утро, уште еднаш, промешајте ги состојките и вкусниот еликсир ќе биде готов за консумирање.

По ваша желба, смесата може да ја засладите со малку мед. По консумирањето на истата, не треба да јадете ништо друго во наредните 3 часа.

Повторете го третманот за 14 дена, а ефектот ќе ве воодушеви.

Кои се придобивките од овој домашен лек?

Вашиот организам ќе биде зајакнат, притоа смесата ќе ги подмлади вашите крвни садови, ќе го намали заморот, ќе ја подобри циркулацијата на крвта, ќе го намали лошиот холестерол и значително ќе ја подобри вашата концентрација и меморија.