Овој тест им помага на луѓето подобро да го сфатат и разберат начинот на кој тие размислуваат, воедно да ја согледаат вистината, која некои од нив, не сакаат да ја видат.

Се смета дека т.н „тест на приоритети“ е создаден од таткото на психоанализата, австрискиот невролог Зигмунд Фројд.

За целите на тестот, потребно е да ги подредите неколкуте секојдневни активности од понудениот избор, што потсвесно ќе ги разоткрие вашите приоритети.

За да биде тестот колку што е возможно поточен, одговорете целосно искрено.

Замислете го следното: Bо еден ист момент се случуваат 5 различни ситуации, на кои е потребно да обратите внимание:

  1. Телефонот ѕвони
  2. Бебето плаче
  3. Некој ѕвони или тропа на влезната врата
  4. Сте ги поставиле алиштата на балкон да се сушат, а започнува силен дожд
  5. Чешмата во кујната започнува да тече и да се прелева вода од мијалникот

Подредете ги ситуациите од прво до петто место, според тоа на што прво би реагирале, а во продолжение откријте го нивното значење:

  • Телефонот ја симболизира вашата работа
  • Бебето го претставува семејството
  • Вратата ги симболизира вашите пријатели
  • Алиштата го претставуваат вашиот однос кон парите
  • Мијалникот го симболизира вашиот интимен живот