Приготвувањето на леб во домашни услови е од голема важност за здравјето на вашето семејство, притоа огромна предност е што самите одлучувате за неговиот вкус и квалитет.

Денес ви претставуваме рецепт за домашен леб со кој ќе ги израдувате вашите најблиски, особено членовите од семејството кои ја претпочитаат здравата исхрана. Станува збор за црн леб, со многу мала калориска вредност (117 калории на 100 грама) и притоа, чија подготовка ќе ви одземе исто така малку време.

Домашен црн леб

Потребни состојки

  • 200 мл кисело млеко
  • 220 гр ‘ржано брашно
  • 40 гр овесни или ленени трици
  • 2 супени лажици масло за готвење
  • 1,5 кафена лажица семиња од коријандер
  • 1,5 кафена лажица сок од лимон
  • 1 кафена лажица сол
  • 1 кафена лажица шеќер
  • Половина кафена лажица сода бикарбона

Начин на подготовка

Измешајте ја содата со сокот од лимон, а потоа додадете го и киселото млеко. Следно, додаде сол и шеќер и добро измешајте ги сите состојки заедно, додека целосно да се растопат кристалите.

Потоа, додадете ги и триците, како и маслото за готвење кон претходно добиената смеса и повторно добро измешајте ги состојките.

Пресејте го ‘ржаното брашно во течната смеса и започнете да го замесувате тестото со вашите раце. Откако ќе се оформи тестото и ќе добие малку леплива текстура, преместете го во сад, кој е потребно да биде премачкан и покриен со хартија за печење.

Печете 40-60 минути, на 180°C.

Пријатен апетит!