Гастроинтестинални нарушувања се неверојатно честа здравствена појава кај милион луѓе ширум светот, а состојбите може да варираат од полесни, како опстипација и синдром на нервозно дебело црево, до полипи на дебелото црево и карцином.

Најчести причини за проблем со цревата и нивни симптоми

Причини за проблем со цревата

  • Консумирање храна со недоволно хранливи влакна
  • Недоволна физичка активност
  • Патување или други промени во рутината
  • Консумирање големи количини на млечни производи
  • Стрес
  • Прекумерна употреба на лаксативи (омекнувачи на столицата) кои со текот на времето ги ослабнуваат мускулите на цревата.
  • Земање на антацидни лекови кои содржат калциум или алуминиум.
  • Земање на одредени лекови (особено антидепресиви, апчиња со железо и лекови за силна болка, како што се наркотици)
  • Бременост
  • Опстипација: Чувство на стомачна подуеност, отежнато празнење на цревата, отежнато ослободување на гасови, дехидратација, чувство на изнемоштеност.
  • Синдром на нервозно дебело црево: Се манифестира со стомачна подуеност, зголемени гасови, стомачни болки и грчеви, варијации меѓу опстипација и дијареја во столицата.
  • Хемороиди: Чешање или иритација при аналниот отвор, болка и чувство на неудобност, отекување на делот околу аналниот отвор, крварење.
  • Рак на дебелото црево: Се манифестира со промени како дијареја, опстипација, крварење од аналниот отвор и крв во столицата.
  • Колитис: Интензивна стомачна болка, загуба на апетит, депресија, значителна загуба на телесната тежина, болка во зглобовите, изнемоштеност и почеста потреба за празнење на цревата.

Како да го третирате проблемот со цревата во домашни услови

Домашен лек за проблем со цревата

  • Опстипација: Консумирајте повеќе вода и храна богата со хранливи влакна, вежбајте повеќе, пијте кафе и земајте пробиотици.
  • Синдром на нервозно дебело црево: Регулирајте го распоредот на вашите оброци, пијте многу течности, редовно вежбајте, проучете го вашиот организам и што не треба да јадете, практикувајте техники за опуштање.
  • Хемороиди: Користете хамамелис или алое вера, влажни марамчиња при одење во тоалет, подгответе топла купка со епсом сол (магнезиум сулфат) и користете ладни облоги.
  • Колитис: Гел од алое вера, куркума и сок пченична трева се познати како најдобри домашни лекови за ублажување на симптомите на колитис.

Кога да посетите лекар?

Посета на лекар за проблем со цревата

При ректално крварење, абонромални движења на дебелото црево, чести металоиди, болки во стомакот, подуеност, проблеми со голтање и слично, неопходно е да постетите лекар.