Акните се можеби еден од најголемите и најчестите проблеми на дамите и затоа е потребно да ги знаат следните факти при нивното третирање. На големо изненадување и спротивно на честите верувања на дамите, всушност следните 3 фактори имаат мал до никаков ефект врз акните:

1. Чоколадо и мрсна храна

Консумирањето на чоколадо или мрсна храна нема многу никакво влијание врз акните.

2. Хигиена

Акните не се предизвикани од нечиста кожа. Всушност, премногу грубото чистење на кожата или чистење со груби сапуни или хемикалии ја иритираат кожата, што дополнително може да ги влоши акните.

3. Козметика

Не мора да значи дека козметиката може да ги влошува акните, особено ако користите шминка без масла што не ги затнуваат порите (некомедогена) и редовно ја отстранувате шминката. Нездравата козметика не пречи на ефикасноста на лековите за акни.