Кога јадеме многу зелка, може да имаме грчеви и проблеми со гасовите. Ова се случува поради шеќерот кој не може да се свари од нашите стомаци. Но, со правењето одредени пози на јога или спиењето на левата страна, можете да ја подобрите циркулацијата и варењето на храната.

Да не заборавиме дека и нашата емоционална состојба има некаква врска со ова. Всушност, високото ниво на стрес или вознемиреност може да го наруши нашиот дигестивен систем, како што покажуваат бројни истражувања.

Денес ви откриваме 9 едноставни, но ефикасни начини за подобрување на варењето на храната, што сите можеме да ги правиме секојдневно, а за кои нашите тела ќе ни бидат со сигурност благодарни!

1. Практикувајте спиење на левата страна

Стомакот и панкреасот се наоѓаат на левата страна на телото и се дел од дигестивниот систем. Лежењето на оваа страна овозможува храната од вашиот стомак полесно да помине во тенкото црево. Исто така, го подобрува ослободувањето на ензимите на панкреасот, кои се одговорни за варење на храната. Спиењето на левата страна исто така ги намалува шансите да страдате од стомачни киселини.

2. Консумирајте повеќе хранливи влакна и ферментирана храна

Хранливите влакна помагаат да се одржуваат редовните и нормалните движења на дебелото црево. Повеќето видови на храна богата со растителни влакна, исто така, содржат малку шеќер, маснотии и калории, па затоа се генерално поздрави. Овесот, гравот или овошјето се добри извори на хранливи влакна. Можете исто така да додадете ферментирана храна во вашата исхрана. Некои видови на обичен, бел јогурт содржат пробиотици т.е бактерии кои се добри за вашите црева. Најчести се бифидобактериите и лактобацилусот, благодарение на кои може да подобрат некои дигестивни проблеми и да се намалат симптомите на синдром на нервозно дебело црево.

3. Избегнувајте храна што тешко се вари

Мрсна храна како чизбургер, помфрит или пица може да предизвика стомачна подуеност, која може да трае со часови, на овие видови на храна им треба повеќе време за да се сварат. Овој вид на храна исто така може да го зголеми стомакот и да предизвика грчеви. Исто така, може да влијае на нашата способност да се фокусираме, па затоа е добро да имате добро балансирана исхрана заснована на овошје, зеленчук и посно месо.

Но, бидете внимателни: некои зеленчуци како зелката можат да предизвикаат проблеми со гасови затоа што содржат рафиноза т.е комплексен шеќер што не може да се свари во желудникот. Печеното лепче е една од видовите на храна што може да помогне при варењето поради скробот што го содржи и помага при дијареја.

4. Не се расејувајте и обидете се да седите додека јадете

Кога јадеме додека се движиме, имаме тенденција да трошиме повеќе затоа што стомакот побрзо се испразнува. Кога јадеме седејќи, циркулацијата на крвта ни е подобрена. Дури и јадењето со скрстени нозе има повеќе придобивки затоа што го олеснува крвниот притисок околу нашето срце и овозможува правилно варење на храната.

5. Водата помага при опстипација

Водата помага во разградување на храната што ја јадеме за телото да може подобро да ги апсорбира потребните хранливи материи. И покрај општото верување дека не е добро да се пие вода за време на оброк, тоа всушност не е точно. Водата помага при варење и исто така е многу корисна ако страдате од опстипација. Пиењето вода за време на вашиот оброк може исто така да влијае да изедете многу помалку храна.

6. Пробајте различни пози за јога

Јогата го зголемува нивото на циркулација во одредена област, така што секој ден можете да практикувате 15 минути истегнување на целото тело за да го стимуирате варењето на храната. На пример, позата Марихјасана, каде кревате едно колено нагоре и го извртувате горниот дел од телото, помага да се апсорбираат есенцијалните хранливи материи од храната; ги стимулира абдоминалните органи, како црниот дроб и бубрезите; и го смирува мозокот.

Позата на Утанасана, што е стоечко преклопување, е неверојатна терапевтска позиција со многу придобивки. Ја компресира абдоминалната област додека ја стимулира циркулацијата во органите за варење. Исто така делува супер релаксирачко за телото. Утрата се совршено време за јога, но не обидувајте се да ги правите овие пози веднаш откако сте јаделе. Во спротивно, ќе се чувствувате лошо.

7. Јадете во одредени часови секој ден

Ова ќе придонесе за регулирање на нашиот внатрешен часовник и нашите тела ќе знаат точно кога би требало да се случи варењето на храната. Нередовно јадење може да го зголеми ризикот од појава на разни заболувања, меѓу кои и проблем со вишокот килограми. Ако имате презафатен распоред, обидете се да ги подготвите оброците предвреме и да јадете во истите одредени часови на вашето работно место.

8. Медитирајте и контролирајте го вашиот стрес

Ако сме под стрес, телото го чувствува тој притисокот и го забавува варењето. Ова резултира со надуеност, грчеви, општи проблеми со варњњето или опстипација. Исто така, може да има спротивен ефект и да го забрза варењето, предизвикувајќи чести посети на тоалетот.

Кога сме под голем стрес, може да имаме зголемување или намалување на апетитот. Ниту едното ниту другото не е добро за нашето здравје, затоа обидете се да медитирате или и да го намалите стресот, бидејќи вашето здравје е поважно од сè.

9. Обидете се со методот на дишење 4-7-8

Може да го регулира нашиот апетит, да го подобри спиењето, да го намали нивото на вознемиреност и да ги контролира нашите емоционални одговори. Сè што треба да направите е да вдишете 4 секунди, да го задржите здивот уште 7, а потоа да го ослободите целосно со броење од 8. Препорачливо е да го направите ова вкупно 4 пати.

Не заборавајте да ги слушате работите што вашето тело се обидува да ви ги каже. Ако симптомите како лоши грчеви, болки во стомакот или силна надуеност траат неколку дена, секогаш треба да се консултирате со вашиот лекар.