Дебелото црево е одговорно за апсорбирање на останатата вода, соли и витамини од храната и да ги кондензира во фекална материја. Фекалните материи потоа се пренесуваат од сигмоиден колон во ректумот, од каде што изглегуваат како отпад.

Најчести причини за проблем со дебелото црево и нивни симптоми

Причини за проблем со дебелото црево

Симптомите на нарушувања на дебелото црево обично вклучуваат:

  • Стомачна болка
  • Опстипација
  • Дијареја
  • Гасови
  • Надуеност
  • Грчеви
  • Замор

Дебелото црево е склоно кон воспаление и воспалителни нарушувања кои можат да бидат предизвикани од:

  • Диета
  • Стрес
  • Начин на живот
  • Лекови

Најчести нарушувања на дебелото црево се воспалителните болести како:

  • Улцеративен колитис: Предизвикува болка во сигмоидниот колон – последниот дел од дебелото црево што води до ректумот.
  • Кронова болест: Oбично предизвикува болка околу папокот на стомакот или на долната десна страна на стомакот
  • Дивертикулитис: Што предизвикува болка во сигмоидниот колон.
  • Синдром на нервозно дебело црево: Најчесто предизвикува болка во долниот лев дел на стомакот
  • Колоректален карцином: Ретко предизвикува болка во стомакот

Како да го третирате проблемот со дебелото црево во домашни услови

Домашен лек за проблем со дебелото црево

Намалете ја консумацијата на црвено месо, пржена храна, рафинирани шеќери, алкохол и кафе. Исто така намалете го пушењето на цигари, зголемете ја физичката активност и започнете редовно да вежбате. Консумирајте повеќе храна богата со хранливи влакна како житарици, овошје, зеленчук и јаткасти плодови. Воедно, обратете внимание на хидратацијата т.е консумирајте што е можно повеќе течности.

Кога да посетите лекар?

Посета на лекар за проблем со дебелото црево

Aко болката или било каква промена при дебелото црево траат подолго од неколку дена, најдобро е да посетите лекар со цел да ја утврдите точната причина и да добиете соодветен третман, а со самото тоа и навремено да се провери во случај да станува збор за карцином.