Британците го нарекле „златото на Богородица“, поради нивната христијанска традиција да ги обвиткуваат богородичните икони со растението, симболизирајќи златни монети.

Станува збор за невенот. А неговите лековити својства дури ги потврдува и науката. Веќе со научни факти, е докажано дека невенот заедно со неговите својства помага во лекувањето и подобрувањето на функцијата на црниот дроб и бубрезите, а при воспалителните процеси, ја намалува болката.

Воедно, невенот помага во одржувањето и развојот на имунолошкиот систем и го подобрува метаболизмот.

При развојот на дијабетес, го намалува нивото на шеќер во крвта, а неговите цветови содржат т.н каротеноиди, кои пак, го спречуваат ризикот од појава на катаракта.

А еве како да го приготвите чудесното растение!

Чај од невен за подобрување на видот

Потребни состојки:

  • 1 кафена лажица зелен чај
  • 5 цветови од невен
  • 2 листа од коприва
  • 2 стракови нане
  • 1 лист од млад артичока

Начин на подготовка:

Во сад или чајник, ставете ги заедно сите состојки, а потоа полејте ги со топла вода и покријте го садот со крпа или парче ткаенина и оставете да отстои 30 минути.

Чајот се препорачува да се пие во текот на денот, а воедно по потреба, разредувајте го со вода.

Чај од невен за обновување на црниот дроб

Потребни состојки:

  • 1 л вода
  • 5 цветови од невен

Начин на подготовка:

Полејте ги цветовите од невенот со 1 литар топла вода и ставете ги да се варат на умерена температура, во времетраење од 3 минути. А потоа филтрирајте ја течноста, за да добиете чист чај.

Консумирајте по 250 мл наутро, пред појадокот и навечер, пред вечерата. Процесот на лекување, односно на обновување на црниот дроб и неговите функции трае 1 месец, период во кој се препорачува да го пиете овој чај.

Природна инфузија од невен против паразити

Потребни состојки:

  • 1 лажица мелени цветови од свеж невен
  • 300 мл вода

Начин на подготовка:

Инфузијата од невен одлично помага во ослободувањето од паразити во организмот. За приготвување на овој чај, полејте 1 лажица свеж невен со 300 мл врела вода.

Покријте и откако во потполност ќе се излади течноста, консумирајте  трипати во текот на денот, пред вашите оброци.

Тинктура од невен во случај на дијабетес и заболување на панкреасот

Потребни состојки:

  • 50 темни цветови од невен
  • 500 мл водка

Начин на подготовка:

Во случај на дијабетес и заболување на панкреасот, земете 50 темни цветови од невен и ставете ги во 500 мл водка. Оставете го растоворот да отстои 1 недела, на темно место.

Потоа, консумирајте по 3  кафени лажици од тинктурата трипати дневно, пред секој ваш оброк.

Терапија од невен при обична настинка

Потребни состојки:

  • 5 капки од невен
  • Вода

Начин на подготовка:

Оваа домашна терапија ќе ви помогне при обичната настинка и воспаление на синусите, при што ќе ви овозможи полесно дишење. Сè што треба да направите е да ставите 5 капки невен во сад или чајник и притоа додадете врела вода, така што водата треба целосно да го покрие дното на садот.

Покријте со крпа или ткаенина и оставете да отстои 5 минути. Потоа, преку устата вдишувајте ја пареата од течноста, а издишете преку носот. Повторувајте сè додека не почувствувате полесно дишење.

Напиток од невен за закрепнување на крвните садови

Потребни состојки:

  • 2 супени лажици цвет од невен
  • 1 кафена лажица цветови од обичен орев
  • 2 чаши вода

Начин на подготовка:

Во сад, ставете 2 чаши вода и додадете ги цветовите од невен и цветовите од обичен орев, а потоа започнете го процесот на варење. Откако ќе се свари смесата, покријте го садот добро и оставете да отстои 20 минути.

Пијте по 1 чаша, трипати на ден, пред секој ваш оброк.