Аронијата потекнува од северноамериканскиот континент и некогаш била неверојатно популарна храна меѓу Индијанците. Тие ги користеле плодовите и сокот од растението за зајакнување и лекување на организамот.

Аронијата доаѓа од семејството на рози, а се карактеризира со повеќегодишен раст. Воедно достигнува висина од 1,5 до 3 метри.

Најпопуларна во светот денес е аронијата со црни плодови. И покрај киселиот вкус, истата има моќни лековити својства, а еве и кои.

Лековити својства на сокот од аронија

  • Аронијата е моќен имуностимулатор.
  • Таа е еден од најсилните антиоксиданти во природата и содржи исклучително високо количество на биофлавоноиди. Истовремено, содржи и калиум, фосфор, магнезиум, железо и јод.
  • Свежиот сок од аронија го нормализира високиот крвен притисок.
  • Аронијата се препорачува на дијабетичарите. Воедно, се смета дека дава позитивни резултати при лекувањето на рак на црниот дроб.
  • Таа е моќен диуретик. Се препорачува при бубрежни воспаленија и нарушувања на функцијата на штитната жлезда.
  • Сокот од аронија е чудесен кога станува збор за лекување и на главоболка, замор, преотперетеност на нервите, при што го стимулира и регенерирањето на мускулното и коскено ткиво.