Доколку ви здосадило од традиционалните баници и кифли, денес ви предлагаме да пробате нешто различно за појадок. Овие меки лепчиња со кашкавал и шунка со нивната крцкава кора не оставаат никого рамнодушен.

Пита со шунка, кашкавал и кисело млеко

Доколку ви здосадило од традиционалните баници и кифли,денес ви предлагаме да пробате нешто различно за појадок. Овие меки лепчиња сокашкавал и шунка со нивната крцкава кора не оставаат никого рамнодушен.
Вкупно време45 минути
Оброк: Појадок
Кујна: Американска
Клучни зборови: пита, пита со кашкавал

Состојки

  • 300 гр брашно (+50 гр за месење)
  • 250 гр кашкавал
  • 100 гр шунка
  • 240 гр кисело млеко
  • 60 гр омекнат путер
  • 10 гр пециво
  • 1 кафена лажица сол

Начин на подготовка

  • Во соодветен сад пресејте го брашното. Додадете ја солтаи пецивото и добро измешајте ги состојките. Потоа, додадете го путерот (насобна температура) и со рака измешајте го со брашното, до формирање трошки.
  • Додадете ги и изренаданиот кашкавал и ситно исеченаташунка, притоа сето повторно добро измешајте го. Додадете го киселото млеко изапочнете да го месите тестото со раце. Ќе бидете доста лепливо, но не грижетесе.
  • На работната површина додадете малку брашно и одозгорапоставете го тестото. Додадете уште малку брашно одозгора и дополнително месетего тестото, до формирање на топка, која нема да се лепи.
  • Поделете ја на 2 дела, притоа од секој дел формирајтеплосната пита со дебелина од 1 цм. Преместете ги питите во соодветен сад,покриен со хартија за печење и одозгора со нож, поделете ги питите натриаголници.
  • Премачкајте ги дополнтелно со растопен путер и поставетеги да се печат во претходно загреана рерна на 180°C, додека не се вцрви нивната кора.