Некои велат дека да се биде претседател е најтешката работа на светот. Но, француската уметница Натали Жомард не се согласува. Најтешка е родителската улога, а тоа ќе ви го докаже и со 20 искрени цртежи!

Од големите промени на телото, до невозможното одење сами во тоалет, Натали на креативен и уметнички начин илустрира и покажува што како им е навистина на родителите.

Во многу од ситуациите, родителите ќе се пронајдат:

1. Доењето по првпат е незаборавно

2. Одењето во тоалет сама е невозможна мисија

3. Оние слатки моменти кога вашето дете ќе ве разбуди во 5 часот наутро, за време на викендите

4. Облеката станала мала

5. И во најчудните ситуации, се трудите да изгледате смирено и присебно

6. Интимноста со вашиот партнер станува исклучок, не правило

7. Кога упатствата од книгите не функционираат, сами си наоѓате свој метод

8. Никогаш не мислевте дека едно мало бебе може да направи толкав хаос

9. На децата не им е грижа дали чувствувте болка

10. Никој не ви кажал дека нивните најдобри играчки се обичните предмети од секојдневието

11. Станувате професионален жонглер

12. Никој не може да ве подготви за вашето прво облекување на бикини, по породувањето

13. Одвикнувањето од пелени и подготовката за нокшир не оди според замисленото

14. Заштитата на вашето дете од Сонцето е многу важна

15. Хранењето е еден многу фрустрирачки процес

16. Справувањето со милиони обврски е талент

17. Обидот да работите додека сте преморени станува секојдневна ситуација

18. Приморани сте да јадете брокула, иако ја мразите, бидејќи сакате да бидете пример за вашето дете

19. Секоја задача која вклучува достигнување на стапалата е исто така невозможна мисија

20. Секогаш сметајте дека вашите важни работи ќе ги најдете на најнеочекувани места