Приказната е навистина доказ дека до последен момент, луѓето не треба да се откажуваат од својата цел.

25-годишната Никета Бел се борела да остане бремена, откако кај нејзниот сопруг, 30-годишниот Марк бил откриен конгенитален проблем, што значело дека шансите биле мали да имаат деца по природен пат.

По бројни неуспешни години, парот се одлучил за ин-витро оплодување.

Но, првиот третман од вештачкото оплодување се покажал исто така како неуспешен, кога Никета минатата година, во 12-та недела од бременоста доживеала спонтан абортус.

По трагично искуство, Никета првично одбила да направи и втор третман, бидејќи траумата била премногу емотивна за парот.

Сепак, мотивирана од целта, Бел не се откажала и за последен пат, собрала храброст уште еднаш да се обиде со вештачко оплодување, при што успешнo затруднела минатиот Септември.

„Си реков самата на себе дека нема повторно да поминувам низ ин-витро, знаејќи колку е тежок целиот процес. Тоа имаше огромно влијание врз мојот тело и ум. Бев премногу збунета од различни емоции. Но, одлучив уште еднаш да се обидам и тоа да биде мојот последен пат, последнат шанса!“- вели Никета.

На нивно огромно изненадување, парот од Кумбрија, открил дека е благословен не со едно, туку со дури три неверојатни животи.

На 7-ми Април оваа година, 8 недели порано, парот им посака добредојде на своите три деца: Лола, Џејкоб и Томи.

„Јас и мојот сопруг сме навистина благословени! Кога видов три срцеви отчукувања, останав без зборови! А и денес по нивното раѓање, се прашуваме еден по друг, дали сфаќаме дека сега ние сме родители на 3 деца! Апсолутно неверојатно!“- вели гордата мајка.

Малата Лола е првото родено бебе, а по неа следувале идентичните близнаци, Џејкоб и Томи.

За кратко време од јавното споделување на инспиративната приказна, Никета стана вистинска мотивација и поддршка на многу мајки кои поминале или пак, моментално поминуваат низ тој тежок процес.