Иако луѓето можат да носат бело кога сакаат, некои од нив сепак одбираат да го направат тоа во сосема неприкладна ситуација- на туѓа свадба.

Иако е непишано правило да не се носи оваа боја од почит бидејќи вниманието тој ден треба да биде насочено кон некој друг, една гостинка е вистински кошмар за сите невести.

Имено, жената објавила дека се ближи свадбата на нејзината блиска другарка, а бидејќи била во модна дилема, како што денес е вообичаено, прашањето за моден совет го поставила на социјалните мрежи и веднаш добила одговор од цел свет, но сигурно не таков каков што очекувала.

„Дами, дали може да добијам предлози за шминка и фризура за стилизирањето на овој фустан? Ќе присуствувам на свадба следната недела.“-напишала таа, објавувајки ја следната фотографијa:

Фустанот не само што бил бел, туку бил долг и изгледал точно како невестински фустан. Затоа набрзо, започнале да пристигнуваат бројни негативни коментари, a некои од нив гласеле:

„Ако одиш ваква, сметај дека веднаш ќе бидеш исфрлена!“- напишал еден корисник, а друг додал: „Ова не е обичен фустан, ова е венчаница!“.

Лавина од коментари била напишани на сметка на фотографијата, а сите се согласиле дека невкусно и непримерно е од нејзината страна да го облече овој фустан токму за свадбата на нејзината добра пријателка.

Што мислите вие? Дали коментарите беспотребно се негативни или корисниците биле во право?