Наградата е вистински предизвик за сите љубители на игрите!

Еден анонимен корисник на американскиот форум Редит нуди 3600 евра на оној што ќе успее да го сруши поставениот светски рекорд во легендарната игра Супер Марио 64.

Потенцијалните кандидати имаат рок до 31-ви Декември оваа година, во живо да го пренесат своето играње и да го срушат светскиот рекорд кој се состои од 1 час, 39 минути и 19 секунди, рекорд поставен Алан „Чиз“ Алварез.

Корисникот потипишан како „FBombF2“ изјави дека ако никој не успее да го сруши рекордот, рекордерот Алан ќе ја добие парчината награда, но подоцна се предомисли и сепак додаде дека тоа не би било добра идеја, Алварез двапати да биде нараден, па рече дека за него ќе смисли нешто друго.

Иако некои се посоменваа дека корисникот само се шегува и дека всушност тој ја нема таа сума на пари, тој по овој повод изјави:

„Го обожавам Супер Марио и секогаш го играм. Се чувствувам како зависен од него, а моите Јутјуб фанови го знаат тоа.“

Тој ги предизвикува сите кои мислат дека можат да го срушат рекордот, да се пријават, во живо да ја одгираат играта и парите ќе бидат нивни.