Зборувате сами дома и одеднаш се стресувате. “Што се случува? Дали дојде денот во кој дефинитивно откачив? “Сфаќате дека цело време додека чистите или готвиш, си зборувате сами. Не, нема никој друг во собата, само Вие, Вашиот глас и Вашата можеби малку заматена свест … Ако си зборувате сами, во никој случај не треба да се грижите, бидејќи не сте единствени. Да, повеќето луѓе зборуваат сами, но не признаваат.

Еве зошто е корисно да си зборувате сами

Ја прогонува самотијата

Ако си зборувате сами, не се чувствувате осамено. На овој начин можете да се ослободите, да ја искажете болката, да се чувствувате подобро. Кога е време да се грижите? Кога ќе почнете да дебатирате сами со себе.

Им помагате на децата

Ако имате деца и си зборувате сами во нивно присуство, им помагате да го научат јазикот полесно. Кога бебињата без престан ве слушаат како зборувате, без разлика каква е одбраната тема, тие полесно учат да зборуваат. Следниот пат кога ќе нанесувате шминка, кога ќе ја полните машината за садови или чистите, едноставно опишете што правите. Но внимавајте со непристојни изрази, бидејќи децата впиваат сé.

Станувате поорганизирани

“Денес треба да го однесам кучето на ветеринар, да пазарам и да се јавам на пријателката”. Кога си повторувате на глас какви се задачите за денот, му помагате на умот да се фокусира на најважните задачи. Се снаоѓате со сето тоа многу полесно. Според анкети, кога си зборувате сами и си повторувате дека се обидувате да најдете одреден предмет, навистина го наоѓате полесно и побрзо. На овој начин вашиот ум започнува да мисли повеќе за предметот и каде бил тој последниот пат кога сте го виделе.

Го намалува стресот

Ако сте под стрес, започнете да си зборувате сами. Ви гарантираме, дека стресот ќе се намали и ќе почувствувате олеснување, бидејќи ќе знаете дека сте ја изразиле болката. Сепак сите знаеме дека се успокојуваме кога ќе се исплачеме на глас.

Се справувате полесно со проблемите

Кога се соочувате со проблеми, обично барате помош од близок човек, и му раскажувате за што станува збор. Зборувајќи си сами го постигнувате истиот ефект, но добивате и задоволство дека сами сте се справиле со тешката ситуација.

Ја подобрува самодовербата

Зошто чекате да чуете комплименти од некого, кога можете сами да се пофалите за добро завршената работа. Не се чувствувајте чудно кога ќе кажете “Се гордеам со себе. Денес се справив многу добро! ”

Ја зголемува интелигенцијата

Ако си зборувате сами, му помагате на умот, бидејќи тој работи организирано. Но, не треба да се обвинувате на глас, бидејќи ќе постигнете спротивен ефект.