Дали имате огромна желба да си каснете нешто благо? Можете ли да ги потиснете оние желби пред да покажат негативен ефект врз Вашето здравје и фигурата? Да! За да дознаете како, прочитајте ги советите на австралиската нутриционистка Џесика Сепел.

Високопротеинска диета

Најважниот чекор според неа е да имате високопротеинска диета. Таа советува да вклучувате по еден протеин и корисни масти кон секој оброк, на пример пилешко, риба, мешунки, авокадо и јајца.

Да се намали кафето

Едно кафе за цел ден и тоа да го испиете пред 10 ч. наутро. “Бидете внимателни со земање на кофеин, бидејќи тој директно влијае на нивото на шеќерот во крвта”, предупредува Сепел. “Покрај тоа е најдобро да не го пиете на гладно.” Според нутриционистката оние кои пијат 2 – 3 кафиња на ден, се повеќе склони да побараат нешто благо попладне.

Јаболков оцет

Ставете малку јаболков оцет во Вашето шише со вода, ќе видите дека желба за благо ќе исчезне. „Ставете малку јаболков оцет во 1,5 л вода и попладнето нема да помислите за благо“.

Магнезиум

Додадете повеќе магнезиум кон вашата исхрана. Сепел препорачува да се земаат додатоци во исхраната со магнезиум неколку месеци и тоа исто така помага за потиснување на апетитот за благо.

Заборавите за вештачките засладувачи

Тие имаат големо влијание врз шеќер во крвта. “Мислите дека си правите услуга со користење засладувач со помалку калории, но всушност тие имаат повеќе негативно влијание врз нивото на шеќерот во крвта и ја зголемуваат желбата за благо”, вели Сепел.