Во 2009-та година, Натали Сулеман од САД на свет донесе осумка и со тоа му стана позната на светот. На многумина им беше нејасно зошто мајката би се одлучила за толку многу деца со помош на вештачкото оплодување.

Натали пораснала во нефункционално семејство и лош дом, при што нејзин животен сон бил токму дом со многу дечиња. Но, сопругот откако ги откри нејзините планови, реши да ја напушти, а притоа Натали имаше и проблеми со плодноста.

Но и покрај тоа, таа не се откажа од нејзината желба и со помош на вештачко оплодување, Натали роди 8 здрави бебиња. Иако според многумина, Натали ова го направила бидејќи сакала да биде во центарот на вниманието и да живее на сметка на државата, гордата мајка на критиките одговара тврдејќи дека сосема сама финансиски може да се грижи за нејзините деца.

Таа работи во Центар за психолошка грижа на алкохоличари и наркомани во Лос Анџелес, a децата се веќе на 11-годишна возраст и ја обожаваат својата мајка.