Секогаш кога при готвењето ја пржиме храната, во домот потоа останува тежок и непријатен мирис на масло за готвење, кој може дури да се задржи и неколку дена.

Со цел ефикасно да го решите овој проблем и да го спречите ширењето на миризбата во иднина, денес ви откриваме 3 трикови, односно природни начини на кои може да го сторите тоа:

1. Талог од кафе и сода бикарбона

Откако сте завршиле со готвењето, во кујната поставете сад во кој е потребно да измешате вода со вински оцет, сода бикарбона или талог од кафе, пред да отидете на спиење. Секоја состојка може ефикасно да се справи со отстранувањето на мирисот од маслото за готвење.

2. Магдонос

Магдоносот исто така е неверојатно ефикасен во борбата против последиците од пржењето. Неговата свежа арома едноставно ќе го направи готвењето многу попријатно. Откако ќе започнете да ја пржите храната, едноставно додадете страк магдонос во маслото за готвење, а на друга рингла, поставете тенџере со вода, каранфилче и ловоров лист да врие. Комбинацијата од овие двете работи ќе ве изненади со крајниот ефект.

3. Сок од лимон

Доколку имате намера да пржите подолго време, исцедете сок од половина лимон во маслото за готвење и додадете ја и кората во тавата. Тоа ќе ја спречи појавата на тешката миризба по пржењето.