Највксуниот колач се приготвува на најлесниот начин со наједноставните состојки. Станува збор за посен колач за чија подготовка нема да ви биде потребно масло за готвење, а неговиот неодолив вкус од кајсии и темно чоколадо е совршена комбинација со шолја кафе!

Посен колач без масло, со кајсии и темно чоколадо

Највксуниот колач се приготвува на најлесниот начин со наједноставните состојки. Станува збор за посен колач за чија подготовка нема да ви биде потребно масло за готвење, а неговиот неодолив вкус од кајсии и темно чоколадо е совршена комбинација со шолја кафе!
Вкупно време1 час
Оброк: Десерт
Кујна: Француска
Клучни зборови: чоколаден колач, посен колач, темно чоколадо, кајсии
Порции: 4

Состојки

  • 2 шолји брашно
  • 1 супена лажица цимет
  • 1 шолја шеќер
  • Малку сода бикарбона
  • 3 супени лажици џем од кајсии
  • 250 мл кисела вода

За преливот

  • 5 супени лажици џем од кајсии
  • 50 гр ореви
  • 100 гр темно чоколадо

Начин на подготовка

  • Измешајте ги сите суви состојки заедно: Брашното, циметот, шеќерот и содата бикарбона. Потоа додадете ја и киселата вода и повторно измешајте. Додадете и џем. Поставете го колачот да се пече 20 минути на 200°C.
  • Топлиот колач премачкајте го со џем, а потоа додадете ги крупно исечените ореви и растопеното темно чоколадо. Поставете го колачот во ладилникот да се излади пред да сервирате.