И покрај тешкиот пораз на изборите во Америка, Доналд со нетрпение го очекува новиот живот што го чека на сончевата Флорида. Овде го очекуваат голем круг пријатели, а притоа безброј пати има изјавенод дека токму на тоа место едноставно се чувствува како дома.

Кога Доналд Трамп официјално ќе му ја предаде титулата на новоизбраниот американски претседател eо Бајден, тогаш тој ќе мора да се исели од Белата куќа со сопругата Меланија и синот Барон.

Според списанието „Пипл“, Доналд, Меланија и нивниот син Барон ќе се преселат во нивната резиденција Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида, а работата на вилата, наводно, е веќе започната. Оваа вила своевремено и припаѓаше на успешната деловна жена Марџори Мериведер Пост, а за потребите на семејството Трамп, таа дополнително ќе се прошири и преуреди.