Поранешната победничка на Мис Универзум открива како нејзината модна кариера завршила, поради една апсурдна причина!

На нејзиниот блог, 26-годишната поранешна манекена, Полина Вега објасни дека, набрзо откако победила на светскиот натпревар за убавина во 2014-та година, веднаш потпишала договор со една модна агенција и следните неколку месеци ги поминала патувајќи за работните цели.

Но, спроед Вега, 3 месеци откако го потпишала договорот со њујоршката агенција, добила одговор дека веќе не сакаат да работат со неа, односно не е возможно таа да зачекори на модните писти повторно бидејќи се здебелила неверојатен 1 килограм!

„На состанокот ми беше кажано дека веќе не ме сметаат за манекенка која може да оди по модните писти, ниту пак да се фотографира за списанија, бидејќи веќе не сум меѓу слабите убавици!“- напиша Полина.

Наместо разочарана, манекенката едноставно била збунета.

„Како може некој да одреди дека јас веќе не сум слаба и сето тоа бидејќи се здебелив 1 килограм?! Кој ги одредува овие стандардни?“- револтирано прашува Вега на својот блог.

Од ова искуство манекенката вели дека научила многу. Сфатила дека не се наоѓа на вистинското место и не би сакала да продолжи да работи во индустрија која има нереална слика за човечкото и женско тело.