Фановите се едногласни, мајката на светски популарната американска ѕвезда Џенифер Лопез, изгледа едноставно извонредно за нејзините години, а самата пејачка има изјавено дека ја смета нејзината мајка за синоним за младост и безвременска убавина!

Гвадалупе Родригез или во јавноста позната едноставно како Лупе, пред само 2 дена го прослави нејзиниот 75-ти роденден, по чиј повод пејачката заедно со нејзиниот партнер Алекс Родригез и внуците подготвија посебно изненадување.

Лопез дефинитивно убавите гени ги наследила од нејзината прекрасна мајка!