Подуениот стомак е честа појава после празниците, која во најголем дел, е резултат на прекумереното консумирање на обилна празнична храна. Но, доколку со овој проблем се соочувате пречесто, тогаш неопходно е да направите лекарски преглед.

Постојат разни причини зошто вашиот стомак може да биде подуен и иако дел од нив не се сосема вообичани, сепак дел од причините може да бидат индикатор за сериозно заболување на организамот.

Еве кои 4 сериозни причини може да бидат виновникот за пречесто подуениот стомак:

1. Метеоризам

Консумирањето на видови на храна кои произведуваат многу гасови за време на дигестијата, исто така може да бидат причина за пречестата подуеност на стомакот. Вообичаени виновници за поттикнување на метеоризамот се храната како брокулите, бобовите растенија и храната која содржи нишесте. Намалената консумација на овие видови храна ќе ви помогне да ги ублажите непријатните симптоми.

2. Целијакија

Целијакијата се карактеризира со нетолеранција кон протеиниот наречен глутен, кој може да се најде во пченицата и ‘ржта. Симптомите на оваа болест се различни, но во поголемиот дел од времето истата се манифестира со дисфункција на дигестивниот тракт како гадење, повраќање, метеоризам, алергија, нарушување на сонот, влошена меморија и слично.

3. Рак на јајчниците

Прекумерената и постојана подуеноста на стомакот може да биде и знак за рак на јајчнците, иако овој симптом често се игнорира кај жените. Доколку стомакот продолжи да биде подуен во период од 3-4 недели, неопходно е веднаш да се консулитирате со лекар.

4. Хормонски промени

Кај жените за време на бременост или токму пред почетокот на менструалниот циклус, нивото на хормонот прогестерон во организамот се зголемува, што ја намалува дигестивната активност. Како резултат на тоа, процесот на варење на храната се забавува и доведува до појава на опстипација и стомачна подуеност.