Ќерка раскажува за ужасните преживеани моменти, кога била сосема мало дете. Таа имала едвај 10 години, кога нејзиниот очув започнал да ја злоставува.

Во текот на следните години од нејзиниот живот, додека траела тортурата, девојката успеала да забремени дури 3 пати.

Рошел Греј, кога денес има 28 години, била на 10-годишна возраст, кога 44-годишниот Аноки Андрос започнал да ја злоставува. Младата жена раскажува дека веднаш се пожалила кај нејзината мајка, барајќи помош. Но, нејзината мајка на сето тоа само се исмејала и случката ја сокрила од надлежните власти.

Наместо да стави крај на тортурата, мајката ја нарекла својата ќерка лажливка, која само бара внимание. Оваа година, Аноки Андрос е осуден на затворска казна од 20 години, поради редицата злоставувања и тортури кои ги вршел врз Рошел, додека пак нејзината мајка добила затворска казна од 5 години.

Без разлика на пресудите, Рошел признава дека сè уште живее во кошмар.

„Никогаш нема да можам да го надминам предавството од мојата сопствена мајка и како слободно ме предаде на она чудовиште. Сега сакам и други жени како мене да знаат дека и тие може да ја добијат нивната правда.“- вели Рошел.

Мајката на Рошел започнала да се состанува со Андрос во текот на 2000-та година и на почетокот сè било во ред. Но, само 5 месеци подоцна, откако парот започнал да живее заедно, Андрос почнал да ја малтретира Рошел по прв пат, додека заедно гледале телевизија.

„Еден ден, тој влезе во мојата соба, се соблече гол и ме силуваше. Сакав да врескам за помош, но едноставно бев преплашена од тоа што ми се случи“- се присетува Рошел.

Откако започнала тортурата, Рошел била злоставувана по 4 пати неделно од нејзиниот очув, а потоа на 12-годишна возраст за првпат забременила. Рошел и понатаму криела од нејзината мајка, бидејќи чувствувала огромен страв. На крај, открила дека е бремена, но за татко на бебето именувала некое непознато момче од училиштето и потоа заедно со нејзината мајка отишле во болница, каде Рошел абортирала.

По само 2 години, девојката повторно забременила. Но, овој пат Рошел решила да признае и да ја каже сета вистина на нејзината мајка. Наместо поддршката која ја очекувала, таа добила исмејување за возврат.

„Ме нарече лажливка, дека барам внимание. Срцето ми се скрши, се расплакав и ја молев да ми верува, но таа само ми се смееше во лице. Следната недела мајка ми ме однесе во болница, за да го направам и вториот абортус. Ме принуди да лажам дека бебето е од моето момче. Таа знаеше дека сум силувана, но не се интересираше да ми помогне.“- вели Рошел.

Кошмарот и понатаму продолжил. Андрос ја злоставувал девојката секоја вечер, додека нејзината мајка била во соседната соба. Откако забременила по трети пат, нејзината мајка повторно ја натерала да абортира, а овој пат при пополнувањето на форумуларот, го напишала сопственото име, за да никој не се посомнева.

Кога Рошел наполнила 17 години, успеала да избега од својот дом, а следно нејзиниот животен кошмар го раскажала на нејзиниот пријател Даниел. Даниел, заедно со неговото семејство успеале да ја убедат девојката да отиде во полиција и да раскаже сè и така нејзината сурова приказна на крајот ја добила својата правда, иако Рошел открива дека траумите ќе ги носи со себе до крајот на нејзиниот живот.