31-годишниот Антон Кудравцев, стана познат на јавноста, откако започна сам да ги расте своите 6 деца. Во животот му се случи трагедија, која не би ја посакале ниту на вашиот најголем непријател.

Сопругата на Антон почина од рак, оставајќи го истиот вдовец, а бескрајна тага го обви семејството.

Антон и Ана веќе имаа 3 деца, но при четвртата бременост, на неговата сопруга й била воспоставена тешка дијагноза, при што Ана реши да го жртвува нејзиниот живот, за да го спаси животот на идните три близнаци.

По трагедијата, медиумите постојано ја раскажуваа приказната за самохраниот татко, кој сам ги расте своите 6 деца, при што Антон стекна популарност и стотици писма од бројни обожавателки започнаа да пристигнуваат на неговата домашна адреса.

Вдовецот дури се сретна со некои од дамите, но уште на првата средба на Антон му беше јасно дека сепак овие жени не би можеле да се вклопат во неговиот семеен живот. Но, меѓу фановите беше и извесна Људмила, која подоцна му стана и сопруга.

Нејзините зборови веднаш го освоиле срцето на Антон, а по краткото допишување, парот набрзо договори и средба. На средбата Антон реши да ги одведе и неговите деца и воопшто не погреши со овој чекор. Људмила веднаш ги воодушевила и Антон и неговите деца, со нејзината искреност, скромност и чудесна добрина.

Ќерќите на Антон уште веднаш толку многу ја засакале Људмила, а најголемиот син уште при првата средба му предложил на својот татко да стапи во брак со жената, бидејќи ја смета за многу добра.

По извесно време, саканата на Антон, која веќе има едно дете од нејзиниот прв брак, му признала дека имала чуден сон пред да се запознаат, односно сонувала дека расте 7 деца, а веќе следниот ден на вестите ја видела репортажата за Антон и неговата приказна, при што веднаш сфатила дека тоа е судбината!

„Првично, едноставно сочувствував со Антон и решив да му напишам писмо за поддршка. И потоа сè се случи наеднаш. Никогаш не ми недостасувало машко внимание, но никогаш не наидов на вистинскиот. А потоа го запознав Антон, тој беше токму тоа, вистинскиот!“- вели Људмила.

Сега Антон и Људмила, по бројните животни предизвици, заеднички ја пишуваат својата семејна приказна.