Низ историјата, преку бројни толкувања, се верувало дека доколку нешто се случи со косата, тоа ќе го промени текот на движењето на невидливата река, низ која протекува нашата биоенергија.

Токму затоа, секое направено дејство врз нашата коса, може да го промени не само надворешниот изглед во една или друга насока, туку и целиот наш живот.

Правило бр. 1

Не може да ја доверите вашата коса на било кого, бидејќи личноста која ќе ја стриже вашата коса, исто така може да го промени текот на биоенергијата. Следниот пат кога ќе го посетите фризерскиот салон, не е неопходно само да изберете модерни фризури, туку и енергичен и весел фризер, а на овој начин по посетата, вашиот живот ќе се промени кон подобро.

Колку е подобар фризерот, толку посилно ќе биде неговото влијание. Доколку сте независна личност и не го обожавате решавањето на проблемите, изберете фризер кој е на вашата возраст или помлад од вас.

Доколку во последно време се чувствувате хронично несреќни поради некаква причина, изберете повозрасен фризер, кој ќе ви направи фризура со која ќе изгледате отмено.

Правило бр. 2

Не се стрижете самите себе. Без разлика колку и да е една личност здрава и силна, не може самата целосно и детално да ги корегира деформациите на биолошкото поле.

Правило бр. 3

Се смета дека е подобро да ве стриже личност од истиот пол, бидејќи за време на стрижењето настапуваат промени на астрално, психичко и биолошко поле. Односно, доколку ви се допаднал фризерот кој е од спротивен пол, тоа може да доведе до проблеми во личниот живот.

Правило бр. 4

Пред да закажете термин во фризерскиот салон, размислете подобро за изборот на денот, во зависност од тоа какви промени сакате во вашиот живот

Понделник– Благопријатен избор на ден, во кој може да ги отстраните негативните емоции и нерешени проблеми од вашиот живот.

Вторник– Изберете го овој ден доколку сметате дека немате доволно физичка сила или сакате да решите некој животен проблем или пак ве измачува монотонијата.

Среда– Во среда е најдобро да направите фризура, доколку сакате да научите нешто ново и интересно, да ги зголемите патувањата и комуникацијата во вашиот живот.

Четврток– Четврток е ден кој ја зголемува популарноста на една личност, притоа зголемувајќи ја и неговата среќа и финансиска состојба.

Петок– Петок е ден на женската убавина, при што доколку сакате да биде уште поубави, закажете термин во овој ден.

Сабота– Во овој ден се лекува косата, при што на еден начин се отстрануваат долговите на кармата од вашиот живот.

Недела– Во овој ден не се препорачува да ја стрижењте вашата коса, бидејќи може да ја отстраните среќата од вашиот живот.