Благодарение на овој пензиониран крадец, сега можеме да научиме како овие криминалци всушност избираат куќи за грабеж и каде бараат вредни предмети. Откако ќе прочитате повеќе за овие совети, можеби ќе сакате да ги примените што е можно побрзо.

Безбедносните трикови кои повеќето луѓе ги практикуваат со текот на годините всушност можеби и не се толку добра идеја, а еве што препорачува пензионираниот крадец да направиме за да го заштитиме нашиот дом од кражби:

1. Изберете дупли прозорци

Класичните обични прозорци лесно може да се скршат, а крадецот може да ги разбие при самиот прв обид. Сепак, дуплите прозорци (кои се ламинирани) имаат пластика помеѓу двата слоја. Ова им отежнува на разбојниците да ги скршат.

2. Не поставувајте висока ограда

Едно нешто што крадците најмногу го сакаат се грмушките и високите огради. На овој начин, тие нема да ги разбудат соседите кога ќе влезат во вашиот дом. Дом со ниска ограда и малку или без воопшто било какви украсни грмушки има помали шанси да биде ограбен.

3. Не потпирајте се на кучињата како заштитници од кражба

Кучињата можат лесно да се убедат и да го спуштат својот заштитнички став кога крадецот влегува во куќата, особено ако истиот ја имал за цел и ја набљудувал куќата веќе некое време. Но, можеби е поинаку со кучињата кои се обучени да ја чуваат куќата.

Ако навистина сакате да набавите куче, но сакате тоа да ви служи како милениче и „аларм“, набавете куче од помала раса. Помалите кучиња имаат почесто и погласно лаење.

4. Не поставувајте знак за куче

Предупредувачкиот знак за куче нема да ги избрка крадцитте, всушност, вие само им кажувате што треба да очекуваат и да бидат подготвени. Значи, ако имате куче и сакате тоа да ви сигнализира кога некој влегува во куќата, не ставајте знак за истото.

5. Не заборавајте да ја исчистите прашината и од вашето тајно место

Крадците можат да ги откријат вашите тајни скривалишта барајќи траги од прашина. Ако прашината не е исчистена во таа област, тие ќе можат да видат траги од прашина откако сте го преместиле предметот. Затоа е важно да не заборавите да го исчистите и тоа место.

6. Поставете метла на вратата

Еден едноставен начин што може да ви сигнализира кога некој влегува во вашиот дом е да ставите метла или џогер на вашите предни и задни врати. На овој начин, кога крадецот ќе се обиде да влезе во вашиот дом преку една од тие врати, метлата ќе падне и ќе направи звук.

7. Чувајте го вашиот календар подалеку од прозорецот

Најдобро време за крадците да го ограбат вашиот дом е кога не сте таму, особено ако сте на одмор. Тие имаат тенденција да ѕирнат во вашата соба и да го проверат календарот за да ги видат вашите планови. Затоа е подобро да го чувате истиот што е можно подалеку од прозорците.

Друг начин на кој можат да откријат дали нема никој дома е со проверка на поштенското сандаче. Ако е полно, крадците ќе знаат дека сте далеку и куќата е слободна заизвршување на нивниот план. Еден начин да спречите тоа да се случи е да го заштитите сандачето за да не можат лесно да го отворат.

8. Оставете ги драпериите на прозорецот отворени

Ние ја цениме нашата приватност, а крадците го користат ова во своја полза. Кога ќе ги држиме драпериите затворени, операцијата за кражба на вашите скапоцености ќе има поголема шанса за успех затоа што соседите нема да видат кога крадците ќе поминат покрај прозорците. Поради ова, оставете ги драпериите отворени, особено кога не сте дома.

9. Оставете ги ролетните закосени нагоре

Ролетните се одлични и за приватност, но можат да им помогнат на крадците да ѕирнат и да видат што имате внатре. Затоа е од суштинско значење ролетните да бидат насочени нагоре. На овој начин, можете да ја имате вашата приватност, да добиете малку светлина во собата, а крадецот нема да може да погледне внатре.

10. Поставете ги безбедносните камери на ниво на очите

Кога ќе одлучите да инсталирате безбедносни камери во вашиот дом, поставете неколку камери на ниво на очите. На овој начин, ќе имате поголема шанса да го снимите лицето на крадецот.