Навикнати сме да ги јадеме компирите варени или пржени, со зеленчуци или месо, но денес ви претставуваме еден прекрасен начин на нивна подговотка, кои бабите сигурно го знаат.

Печени компири со пресно млеко- Вакви вкусни одамна немав јадено, подобри се и од пржените

Навикнати сме да ги јадеме компирите варени или пржени, со зеленчуци или месо, но денес ви претставуваме еден прекрасен начин на нивна подговотка, кои бабите сигурно го знаат.
Вкупно време2 часа 30 минути
Оброк: Side Dish
Кујна: French
Клучни зборови: кашкавал, печени компири, компири, млеко
Порции: 4

Состојки

  • 500 гр компири
  • 1 л пресно млеко
  • 1 јајце
  • 50 гр путер
  • 50 гр кашкавал
  • По вкус сол
  • По вкус мелен црн пипер

Начин на подготовка

  • Излупете ги компирите и исечете ги на тенки парчиња. Одделно измешајте го млекото, јајцето и солта.
  • Преместете ги компирите во тава за печење и врз истите исипете ја смесата. Одозгора додадете парчиња путер.
  • Поставете ги компирите во рерна, на 220°C, за 15 минути, а потоа намалете ја температурата на 180°C и оставете ги да се готват дополнителни 1,5 часа.
  • 20 минути пред крајот, врз компирите нанесете изрендан кашкавал. Доколку нема течност да дното, јадењето е готово!