Војвотката на Корвол, Камила Паркер- Боулс е јавна личност која ретко, односно речиси никогаш не ја гледаме во разголени или смели дизајни на фустани.

Затоа, неодамнешните фотографии објавени од италијанското списание Чи предизвика огромен интерес при социјалните мрежи, бидејќи на фотофрафиите снимени од папраци-фотографите, популарната војвотка носи костим за капење.

Камила помина 4-дневен одмор во Сардинија, пред да се врати на кралските обврски.

Кралскиот потпарол за односи со јавноста, Ричард Фицвилјамс ја оцени постапката на списанието како одвратна.

Италијанското списани Чи претходно имаше објавено фотографии од покојната принцеза Дијана со кислородна маска на задното седиште во Мерцедесот, по сообраќајната несреќа, а овој пат повторно не се двоумеше да ги провоцира кралските членови.