Иако сигурно можеби имате блиска личност родена во овој хороскопски знак која најмногу ја обожавате на цел свет, сепак повеќето луѓе овој хороскопски знак го избегнуваат бидејќи најлесно ги нервира.

Доколку сакате да бидете во тек со „хороскопските случувања“ погледнете ја мобилната апликацијаХороскоп на македонски јазик, која можете бесплатно да си ја инсталирате на вашиот мобилен телефон преку Google Play (кликнете овде).

Станува збор за Девицата. И покрај тоа што важата за вредни личности, тие имаат и доста негативна енергија во себе.

Луѓето родени во овој знак мислат дека се најдобри во сè, па затоа секогаш ќе ги слушнете како велат дека можат задачата да ја извршат подобро од вас.

Девиците сметаат дека не треба воопшто да се менуваат, бидејќи се совршени, а речиси никогаш нема да му простат на оној кој ги потценува и прави да изгледаат како неспособни. Иронично, бидејќи токму ова е она што тие најчесто го прават на останатите околу нив.

Нешто што можеби најмногу ќе ве изнервира во врска со Девиците е нивната изразена егоцентричност, поради што секогаш се обидуваат да се наметнат и да бидат ценатарот во секоја ситуација и настан.