Очекуваната 2020-та година, според кинескиот хороскоп ќе биде година на белиот метален стаорец, кој го означува почетокот на новиот циклус.

Кинезите веруваат дека токму почетокот на новиот циклус е совршеното време да започнеме нови проекти и да ги оставиме зад нас, нашите стари и штетни навики.

За денес ви претставуваме кои 3 предмети се верува дека носат просперитет во 2020-та година:

1. Трокрака жаба

Металната фигура на трокраката жаба, која во својата уста држи монета и е опкружена со други монети се смета за симбол на среќата, која доколку ја поставите во вашиот дом или на работното место, ќе ви донесе неверојатно богатство.

2. Кинески змеј

Змејот е симбол на заштитата, среќата и успехот и е често бојадисан во впечатливи тонови на сино, жолто и зелено, кои се сметаат за главни бои на 2020-та година. Истиот одлично ќе се вклопи како декоративен елемент од вашиот дом или канцеларија.

3. Бели свеќи

Белата боја ќе биде исто така една од главните бои во новата година. Таа ја симболизира чистотата, при што токму од оваа причина се смета за прекрасна идеја во домот да поставите бели свеќи, кои ќе ви дадат топлина и светлина во текот на целата година. Не само што ќе ви донесат повеќе среќа, туку и ќе го намалат стресот.