Оралната хигиена влијане на целокупното наше здравје, при што токму од оваа причина, од голема важност е истата постојано да ја одржуваме и негуваме, за да избегнеме проблеми како кариес и забен камен.

За да ја спречите предвремената загуба на забите, едноставно треба да се придржувате кон одредени основи правила, а денес ви откриваме рецепт за домашен раствор како брзо и ефикасно да го отстраните забниот камен.

Домашен раствор за брзо отстранување на забен камен

Потребни состојки

  • Половина шолја водороден пероксид т.е хидроген
  • 1 супена лажица сода бикарбона
  • Половина кафена лажица сол
  • 1 чаша вода

Начин на подготовка и употреба

Измешајте ги солта и содата и нанесете ја добиената смеса врз четка за заби и со истата исчистете ги вашите заби. Постапката треба да се повторува неколку пати на ден.

Следно, потребно е да го измешате хидрогенот со водата и со добиениот раствор да ја исплакнете вашата уста. Употребете чепкалка за да го отстраните забниот камен. Оваа постапка се повторува 2 пати неделно, за да се постигне посакуваниот резултат.