За да може машината за алишта да издржи што подолг временски период и притоа секогаш вашите алишта да мирисаат свежо и чисто, неопходно е уредот да го чистите од време на време.

Колку и да е квалитетен прашокот и омекнувачот што го користите, со текот на времето, машината за перење добива непријатен мирис.

За да ја освежите и да го продолжите нејзиниот животен век, поставете 2 чаши вински оцет или сок од лимон во машината. Следно, истата вклучете ја на највисоката температура.

За кратко, сите непријатни миризби ќе исчезнат!