Солта, особено морската, е одамна позната во медицината по нејзиното моќно антивоспалително својство и затоа не случајно, влегува во составот на бројни козметички производи.

Докажано е дека солта има позитивен и пријатен ефект врз кожата, правејќи го надворешниот изглед беспрекорен. Токму за оваа цел, денес ви го откриваме најдобриот рецепт за домашна солена маска со која ќе им кажете збогувам на знаците на стареење.

Резултатите како затегната и кожа без брчки ќе ги добиете по само 5 дена.

Солена маска за затегната кожа без брчки

Reflection in the mirror. Woman looks in the mirror noticing the first wrinkles

Потребни состојки

  • Половина кафена лажица сол
  • Половина кафена лажица масло од шипка
  • Преварена вода

Начин на подготовка и употреба

Mature woman smiling, close-up

Додадете ја солта кон маслото и водата и добро измешајте ги сите состојки заедно, кои е неопходно да се на собна температура. Водата може да ја замените со свежо сварен зелен чај.

Пред да ја нанесете маската, потребно е лицето да го исчистите со соодветно средство како мицеларна вода или едноставно темелно да го измиете.

Нанесете ја маската подеднакво на целото лице, со лесни движења, без силно да ја притискате кожата. Не ја оставајте маската предолго на вашето лице, најдобро е од 3 до 15 минути, во зависност од чувствителноста на вашата кожа.

На крај исплакнете со топла вода и нанесете крема за лице.

Важно: Маската никогаш не треба да биде нанесена врз надразнето лице, со рани или воспаленија.