Миењето на садови не може да се нарече најомилената активност на сите, но сепак е обврска која мораме да ја извршуваме секојдневно, со цел одржување хигиената на домот.

Во оваа задача, верен помошник ни е сунѓерот, а според експертите боите на сунѓерот имаат значење, за кое малкумина знаат. Иако ние при купувањето, сунѓерот го избираме сосема рутински, без многу размислување, неговиот дизајн е добро смислен од страна на компаниите.

Што означуваат боите на сунѓерот?

Сунѓерот е составен од мек дел со груба површина, на која треба да се обрати посебно внимание, односно на бојата на овој абразивен дел, кој се користи за отстранување на најтврдокорните масни наслаги од садовите.

Произведувачите овој дел од сунѓерот го нарекуваат скоч лента, која е направена од груби влакна и залепена на пенестата површина од сунѓерот. Нејзината боја има значење кое треба секој да го знае.

Сунѓерот со зелена скоч лента може лесно да ги измие дури и најтешките загорени наслаги од садовите. Со овој вид на сунѓер дури и емајлираните садови можат да се оштетат, па затоа внимавајте.

Доколку сунѓерот има црвена скоч лента, тоа значи дека неговите абразивни својста се на средно ниво. Најчесто, ова се смета за најдобриот избор на сунѓер, со кој лесно може да ги отстраните замастените наслаги и остатоци од сува храна.

Што се однесува до жолтите скоч ленти, тие се сметаат за најлесни и најмеки, кои се наменети за миење на стаклени садови. Овој материјал се справува ефикасно со заматените стаклени површини.