Појадокот е најважниот оброк во денот и истиот никогаш не треба да го прескокнуваме.

Според нитриционистот Сара Елдар, нашето тело ги користи сите извори на енергија во текот на ноќа, за различните процеси, но најмногу за дигестијата на храната. Токму поради таа причина, следното утро на организамот му е потребен богат и квалитетен појадок со доволни количества на калциум и протеини.

Следниот домашен рецепт е совршен здрав начи за започнување на вашиот ден.

Природната смеса го забрзува процесот на согорување на калориите, го намалува и регулира нивото на холестерол и шеќер во крвта, при што значително ќе ви помогне доколку се обидувате да се ослободите од вишокот килограми.

Нејзините основни состојки се семињата од овес и чиа. Чиа семињата се богати со омега-3 и омега-6 масни киселини, содржат моќни антиоксидантни и антивоспалителни својства кои го подобруваат здравјето на срцето и успешно се борат против артритс и дивертикулоза.

Во 30 грама семиња од чиа има 27% фосфор, 18% калциум. 30% манган и пониски нивоа на бакар и калиум.

Од друга страна, овесната каша е богат извор на бета-гликоган, растворливо хранливо влакно кое на моќен начин го намалуваат холестеролот. Овесот исто така содржи големи количества на манган, селен, цинк, магнезиум, железо, фосфор и др.

Чаша сварени овесни семиња содржи 150 калории, 4 грама хранливи влакна и 6 грама протеини.

Еве како да ја приготвите моќната лековита смеса

Потребни состојки

  • 1 шолја овес
  • 4 супени лажици чиа семе
  • 2 чаши вода
  • 2 супени лажици мед
  • 1 кафена лажица цимет

Начин на подготовка

Додадете ја водата во сад и додадете го воедно и циметот. Веднаш штом водата ќе започне да врие, намалете го оганот и додадете го овесот. Варете го 5 минути и потоа отстранете го садот од оганот. Покријте го садот и оставете го така да отстои 5 минути.

Потоа, добро промешајте ги состојките, а потоа додадете ги чиа семињата и медот.